Песков: Макрон всушност ги критикуваше САД со изјавата за нуклеарното оружје

од Nikola Popovski

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, иронично реагираше на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за недозволивото поставување нуклеарно оружје на една земја на територијата на друга и рече дека тоа се всушност „жестоки критики на САД од страна на францускиот претседател“.

„Помина долго време откако не слушнавме толку жестоки критики за САД од претседателот на Франција“, иронично ја коментирал Песков изјавата на Макрон за телевизијата „Русија 1“, пренесува ТАСС.

Претходно, на прес-конференција во Пекинг, Макрон изјави дека Франција се противи на распоредување нуклеарно оружје надвор од територијата на земјата што го поседува.

На 25-ти март рускиот претседател Владимир Путин објави дека на барање на Белорусија, Русија ќе го распореди своето тактичко нуклеарно оружје во таа земја, што, како што наведува ТАСС, САД долго време го прават на територијата на своите сојузници.

Слични содржини