Москва се уште не гледа изгледи за преговори меѓу Русија и Украина, но не ја затвора вратата за оваа можност, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Разговаравме на различни нивоа, вклучително и на највисоко ниво, дека руската страна никогаш не ја затворила вратата за преговарачкиот процес. Но, засега не гледаме никакви изгледи за овој преговарачки процес“, изјави портпаролот на рускиот претседател коментирајќи ја изјавата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека мировните преговори за Украина би можеле да започнат до есен.
„За нас е важно да ги постигнеме нашите цели и тие можат да се постигнат со различни методи. Сепак, политичките и дипломатските методи се, за жал, недостапни во моментов, пред се затоа што режимот во Киев ја одбива оваа можност, а исто така и затоа што Вашингтон очигледно не е расположени за овој процес“, нагласи Песков, пренесува ТАСС.