Песков му одговори на Берлускони: „Намамете го Зеленски некаде“

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска коментирајќи ја изјавата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони дека само тој може да го „намами“ Путин на преговарачка маса, изјави дека Русија секогаш ги поздравува мировните напори и со задоволство ги поддржува, но дека што се однесува до тоа некој некого да „намами“, подобро би било некаде да се „намами“ претседателот на Украина, Владимир Зеленски.

„Претседателот Путин повеќе пати кажа дека секогаш со задоволство ги поздравиме и поддржуваме сите мировни напори. А што се однесува до ‘намамувањето’ некого, подобро е некаде да се „намами“ претседателот Зеленски“, рече Песков на новинарите на прашањето дали Москва е подготвена да ја прифати улогата на Берлускони како посредник во дијалогот со Киев, пренесува РИА Новости.

Агенцијата наведува дека претходно магазинот Spectator, повикувајќи се на заменик министерот за култура на Италија Виторио Згарби, кој е близок со Берлускони, објавил дека Берлускони верува дека само тој може, како што навел, да го „намами“ Путин на преговарачка маса со Украина.

Слични содржини