Песков: Неопходни се остри мерки против странските агенти, САД први го смислија тоа

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Остри дејствија против странски агенти се спроведуваат затоа што Руската Федерација добива поголема независност и затоа што многу од нив добиле пари од странство за да се мешаат во нашите внатрешни работи, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Санкционирањето на оние лица кои ги прекршуваат постоечките закони за странски агенти има за цел да го заштити нашето општество, нашата политика од платеното мешање на странците“, објасни Песков во интервју за студентскиот канал „МГИМО 360“.

 

„Првата земја која ја смисли борбата против странското мешање во внатрешните работи беа Соединетите Американски Држави – таму, во триесеттите години на минатиот век, беше донесен закон за странски агенти, и тој беше доста строг“, потсети Песков.

Според него, органите на прогонот во Русија не се занимаваат исклучиво со странски агенти, туку работат на борба против криминалот и обезбедување на безбедноста на граѓаните, апсат убијци и силувачи.

Денешното време бара строги мерки против оние кои шират клевети за вооружените сили на Руската Федерација, нагласи Песков.

„Денес е многу тешко време, време на војна, кое бара строги мерки од властите“, вели портпаролот на Кремљ.

Следниот претседател на Руската Федерација по Владимир Путин треба да биде ист, јасен е Песков и додава дека верува оти Путин ќе учествува на изборите во 2024 година и ќе победи, пренесува RT Balkan.

Запрашан дали следниот претседател ќе може да ги зачува достигнувањата на Путин, Песков рече: „Тешко е да се каже. Всушност, Путин се уште не објавил сопствена кандидатура. Но, искрено сакам да верувам дека ќе го стори тоа. Не се сомневам дека ќе победи на изборите и ќе продолжи да биде наш претседател“.

Слични содржини