Песков: Ограничувањето на движењето на нашите дипломати во ЕУ е апсурдно

од Vladimir Zorba

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го нарече апсурден предлогот за ограничување на движењето на руските дипломати во рамките на Европската унија.

„Уште една антируска глупост. Тие се обидуваат да најдат начин да не оградат“, рече Песков во интервјуто со новинарот Павел Зарубин.

Песков рече дека идејата, доколку се спроведе, ќе ја отежне работата на дипломатите, пренесе ТАСС.

Слични содржини