Песков откри дали Путин ќе присуствува на погребот на Пригожин

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на основачот на приватната воена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој пред новинарите во Москва изјави дека Кремљ не е запознаен со организацијата на погребот на Пригожин, бидејќи тоа е „работа на семејството“.

Пригожин загина откако неговиот деловен авион се урна во Русија минатата недела. Несреќата се случи два месеца откако Пригожин и неговите војници организираа бунт против раководството на руската армија и го зазедоа Ростов, пред да се повлечат откако „Вагнер“ пристигна на 200 километри од Москва.

Кремљ претходно ги отфрли како „апсолутни лаги“ изјавите на одредени западни политичари и коментатори дека Путин го наредил убиството на Пригожин како одмазда за бунтот.

Слични содржини