Песков: Предупредувањето на САД за руски нуклеарни капацитети во вселената е „злонамерна измислица“

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Русија денеска го отфрли предупредувањето на САД за новите нуклеарни капацитети на Русија во вселената, нарекувајќи го „злонамерна измислица“ и трик на Белата куќа да ги натера американските законодавци да одобрат повеќе пари за да ѝ се спротивстават на Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Белата куќа, најавувајќи затворен брифинг за „сериозна закана за националната безбедност“, се обидува да го охрабри американскиот Конгрес да гласа за нацрт-законот за распределба на пари за Украина, пренесува РИА Новости.

„Воопшто не можам да коментирам за ова. Но, очигледно е дека Белата куќа се обидува, со измама, да го натера Конгресот да гласа за нацрт-законот за доделување на средства. Тоа е очигледно. Ќе видиме какви трикови ќе користи Белата куќа“, рече тој.

Слични содржини