309
Преговорите меѓу Руската Федерација и Украина според условите на Киев се апсолутно нереално сценарио, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој, на новинарско прашање да ја коментира изјавата на Џонатан Фајнер, главниот заменик советник на американскиот претседател за национална безбедност, дека САД сакаат Москва да преговара со Киев за украинските услови во 2024 година, рече дека тоа е „апсолутно нереално“, пренесe Интерфакс.
„Има многу такви изјави. Тие прибегнуваат кон разни трикови само за да ги убедат своите парламентарци да гласаат за натамошна распределба на парите. Така што веќе имало многу такви изјави и тие ќе продолжат“, рече Песков.