Песков реагира на Трамп за „заканата за бомбардирање на Москва“: Москва е мирна

На прес-конференција Песков порача и дека Москва ќе продолжи да се обидува да ги поправи „расипаните“ американско-руски односи.

од desk2
27 прегледи

„Поприлично сме мирни што се однесува до тоа“, одговори Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, на прашањето за критиките од претседателот на САД, Доналд Трамп, за Владимир Путин. На прес-конференција Песков порача и дека Москва ќе продолжи да се обидува да ги поправи „расипаните“ американско-руски односи.

Трамп на тајна снимка: Му реков на Путин дека ќе ја бомбардирам Москва ако влезе во Украина

„Очекуваме дека ќе го продолжиме дијалогот со Вашингтон и со нашата линија на поправање на расипаните билатерални односи“, порача Песков.

Претходно беше објавено дека претседателот на САД Доналд Трамп на своите донатори собрани на приватен настан во 2024 година им кажал дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека „ќе ја бомбардира Москва“ ако ја нападне Украина и дека е нервозен „поради него“.

Трамп вчера порача дека одобрил испраќање американско одбранбено оружје во Украина, како и дека ја разгледува можноста за воведување дополнителни санкции против Москва.

Во однос на тајната аудио снимка што ја објави Си-Ен-Ен утрово, Песков вели дека не е сигурен во веродостојноста на написот на Си-Ен-Ен, оти „има многу лажни вести“.

„Не можам ниту да го потврдам, ни да го порекнам тоа, дури и кога би сакал. Дали е тоа лажно или не, ние не знаеме. Овие денови има многу лажни вести“, одговори Песков.

Слични содржини