Песков: Србија е суверена земја, неточни се тврдењата на Приштина за деструктивно влијание на Русија

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, денеска ги отфрли како неточни изјавите од Приштина за дестабилизирачката улога на Русија и додаде дека Србија е суверена земја и како таква има право да ги брани правата на Србите кои живеат на Косово.

„Србија е, се разбира, суверена земја и апсолутно е погрешно овде да се бара некакво деструктивно влијание на Русија. Србија ги брани правата на Србите кои живеат во такви тешки услови и секако силно реагира кога овие права се прекршени“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање да ги коментира изјавите на министерот за внатрешни работи на Косово, Жељај Свечља, дека Србија под руско влијание има намера да го дестабилизира Косово со поддршка на Србите, пренесува „Интерфакс“.

Според него, Москва многу внимателно следи што се случува и како се обезбедуваат правата на Србите и додава дека Русија има блиски сојузнички односи со Србија, и по историски, духовен и друг карактер.

Слични содржини