Рускиот претседател Владимир Путин со задоволство ќе ги пречека сите шефови на држави кои се подготвени да го прослават овој празник со Русија во Москва за прославата на Денот на победата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали се разгледува можноста Трамп да ја посети Русија на Денот на победата, 9 мај.
Песков рече дека Трамп може да дојде во Русија штом се договори таква посета.
Во интервју за телевизијата „Русија 1“, Песков истакна дека посетите на руските официјални лица на САД би можеле да се случат веднаш штом ќе бидат укинати санкциите, наведувајќи дека тоа може да се спроведе брзо.