Песочен ВРТЛОГ направи ХАОС во Неа Мудања, неколку лица се повредени (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
475 прегледи

Песочниот вртлог што се формираше во околината на Халикдики, каде летуваат голем број македонски туристи, направи вистински хаос на плажата Неа Мудања.

Според првичните информации, четири лица биле повредени, кога одеднаш се формирал песочен вртлог и пустошел покрај плажата, носејќи со себе се што му се нашло на патот.

На некои им требало и помош од медицински тимови на плажа, но повеќе поради шокот.

Немало сериозно повредени, но не е невообичаено појава на вртлози од песок на плажите во Грција. Тие траат многу кратко, од 10 до 20 секунди, а можат да бидат непријатни, па дури и да предизвикаат паѓање на тешки предмети и мебел на плажите и да предизвикаат полесни повреди.

Слични содржини