Пет банки од Македонија меѓу топ 100 во југоисточна Европа

од Vladimir Zorba
469 прегледи

Пет банки од земјава се најдоа на листата на топ 100 во југоисточна Европа, покажува анализата на Seenews, пренесе „Бизнис Инфо“.

Од вкупно 100, Комерцијална банка се најде на 42-ро место, исто како и минатата година, со актива од нешто над две милијарди евра. Девет места подолу се најде Стопанска банка АД Скопје со актива од 1,6 милијарди евра, додека НЛБ Банка се позиционираше на 59-то место со актива од 1,4 милијарди евра. Меѓу петте банки од Македонија, кои се најдоа на листата топ 100, се и: Халкбанк (77-мо место) и Охридска банка (91-ва позиција).

На врвот на листата се најде романската Banca Transilvania со актива од 18,2 милијарди евра. Меѓу првите пет се најдоа и: Zagrebacka Banka од Хрватска (15,8 милијарди евра), Banca Comerciala Romana од Романија (14,9 милијарди евра), Privredna Banka Zagreb од Хрватска (11,7 милијарди евра) и BDR – Groupe Societe Generale од Романија (11,6 милијарди евра).

На дното на листата се најдоа: Erste Bank од Црна Гора (актива од 605 милиони евра), American Bank of Investments од Албанија (611 милиони евра), NLB Banka AD од Србија (616 милиони евра), Tirana Banka од Албанија (623 милиони евра) и Mobiasbanca OTP Group од Молдавија (633 милиони евра).

Во анализата се земени банки од: Романија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Македонија, Молдавија, Црна Гора и Косово.

Слични содржини