Пет Бјукенен: Империјалното пренапрегање на Америка !

од desk3
145 прегледи

Оваа недела бомбардери Су-24 профучија над американски ескадрилен разурнувач во Балтичкото Море. Руските авиони не носеле ниту ракети, ниту бомби. Пораката: Што правите тука вие, Американците? Во јужно Кинеско Море американски авиони летаат над, а американски воени бродови кои пливаат во територијалните води околу островчињата, тврди Кина. Во Јужна Кореја американски војници одржуваат секоја година воени вежби како предупредување до Северна Кореја, која тестира нуклеарни боеви глави и ракети со голем дострел кои можат да достигнат САД.

20160417.uuhbfasdpr
Базираните во Бахреин американски воени бродови се конфронтираат со ирански подморници и ракетни бродови во Персискиот залив. Во јануари мал брод на американската морнарица заседна на ирански остров. Иран дозволи на 10 американски морнари да си одат во рок од 24 часа. Но милитантните барања за одмазда од страна на САД веќе беа почнале. А сепак, во секој од овие региони не се закана за виталните интереси на САД, туку интересите на сојузници кои нема да пристапат кон сопствените одбранбени должности, претпочитајќи да ги остават на Чичко Сем.
И Америка почнува да се наведнува под тежината на глобалните обврски. И откако немаме претензии кон карпи и гребени во јужно Кинеско Море – како Виетнам, Тајван, Малезија, Брунеи и Филипините – зошто тогаш тоа е наша работа? Ако овие карпи и гребени се толку важни, да ризикуваме воен судир со Кина, зошто, наместо тоа, не наметнеме даноци на кинески производи? Подобро американските компании и корисници да ја платат цената на судирот со Кина отколку американските војници, морнари и авијатичари. Нека Јужна Кореја и Јапонија ги градат нивните сили, така што да се справат со Северот, и да испратат порака на Пекинг: ако Кина не притисне за нуклеарната оружје програма на Ким Јонг Ун, Јужна Кореја и Јапонија ќе градат свои нуклеарни капацитети за воздржување.

Ватикан одлучи : Степинац светец и покрај противењето на СПЦ

Пред половина век Британија и Франција го направија тоа. Зошто треба ние секогаш да заплашуваме, ако е потребно, да војуваме со Северна Кореја? И зошто заштитата на Балтичките републики и Источна Европа е наша одговорност, на 8.000 километри далечина, а не на Германија, чија економија е каде поголема од онаа на Русија? Дури и во најтемните денови на Студената војна американските претседатели одбиваа да преземат воена акција во Унгарија, Чехословачка и Полска. Кога Москва се закачи таму, САД не правеа ништо. Кога независноста на Источна Европа стана толку витален интерес што ние би ризикувале сега војна со вооружената со нуклеарно оружје Русија, за да ја обезбедиме?

barack-obama-1
Согласно член 5 на НАТО , напад против кој и да е од 28-те земји-членки треба да се гледа како на напад против сите. Но дали тоа е еден вид бланко чек, кој треба да биде даден на Реџеп Таип Ердоган од Турција, кој пред неколку месеци нареди руски воен авион,кој влегол над турска територија за 15 секунди, да биде соборен? Дали навистина сакаме да ја оставиме на овој хаотичен автократ можноста да не вовлече во војна со Русија? Кога Невил Чембрлен во 1939 година даде гаранции во случај на војна на хунтата полски полковници, кои исто така имаа претерано мислење за сопствената воена моќ и сила, каква работа им заврши тоа на Британците? Америка не треба да ги отпишува Балтичките републики или Источна Европа. Но, ние мора да отфрлиме каква и да е американско-руска војна во Источна Европа и да го ограничиме американскиот одговор на руските дејства таму до економски и дипломатски. Бидејќи најсигурниот губитник од американско-руски конфликт во Источна Европа ќе биде Источна Европа.

Што се однесува до Иран американската разузнавачка заедница – од 2007 до 2011 година – соопштуваше со длабока верба дека тие немаат нуклеарна оружена програма. По потпишувањето на нуклеарното договор со Иран 98% од иранскиот збогатен ураниум беше изнесен од земјата; се произведува не повеќе од 20% збогатен ураниум; реакторот во Арак, кој може да произведува плутониум беше реконфигуриран и нуклеарните инспектори лазат низ секој објект. Приказните дека Иран има тајна програма за нуклеарни бомби и тестира интерконтинентални ракети , не ес изненадување, од истите пријатели кои не уверуваа дека Ирак има оружје за масовно уништување. Целта е една и иста: паника Америка да се впушти во уште една војна, многу далеку, против земја која тие сакаат да ја видат во матно. По крајот на Студената војна во 1991 година оваа земја постојано крвари и полека банкротира. Сега сме го надминале својот потенцијал колку Британската империја во 40-те години на минатиот век. И исто како оваа империја, ние исто така сме испровоцирани од држави кои се стремат да го зголемат нивното место под сонцето – воскреснатите Русија, Кина, Иран. И ние сме малтретирани од фанатици кои не посакуваат на својата страна на светот, која тие сакаат да ја преправаат во согласност со визијата на сопствените верувања и идеологии. Време е за проценка на сите гаранции во случај на војна, кои оваа земја ги издала од почетокот на Студената војна за да биде дефинитивно кои, ако воопшто има такви, сеуште служат на американските национални интереси во 2016 година. Сојузите на крајот се преносен каиши на војната. Тоа не е изолационизам. Тоа е поставување на нашата земја на прво место и стоење настрана од војните на други луѓе. Тоа е патриотизам. / БГНЕС

————-

Патрик Бјукенен, познат американски конзервативен политичар, коментатор и автор. Бил е советник на претседателите Ричард Никсон, Џералд Форд и Роналд Реган. Во 1992 и 1996 година учествуваше во трката за избор на претседателски кандидат на Републиканската партија. Бјукенен е автор на книгата “Самоубиството на супер-силата: ќе преживее ли Америка до 2025?”.