Пет членови на Претседателството го напуштија ДУИ

од Vladimir Zorba
300 прегледи

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера заседаваше за да ги анализира и дискутира околностите и случувањата во земјата и во партијата.

По сеопфатен преглед и дискусија, членовите на Централното претседателство донесоа едногласни заклучоци во врска со следните 5 прашања, меѓу кои и соопштија за напуштања на нивни членови на Претседателството.

„Централното претседателство забележува и изразува длабоко жалење за одлуката на пет членови на Претседателството да се самоповлечат од Централното претседателство на Демократската унија за интеграција, одлука која ја донесоа на состанокот на ЦО одржана на 1 април 2023 година“, велат од ДУИ.

Централното претседателство ја официјализираше и одлуката за претстојниот изборен процес во ограноците на Демократската унија за интеграција а кок ќе се одржи на 2 Јули 2023

Овие избори во ограноците на ДУИ, кои ќе се одржат по принципот „еден член“ еден глас, ќе послужат како платформа за колективно одлучување и дополнително ќе ги зајакнат демократските вредности што ја карактеризираат нашата партија.

Слични содржини