Поради културата во која живееме, тешко е да се одвоите од вашите родители. Голем број млади луѓе остануваат со нив до 30-тите години, некои и подолго. Но, овие знаци не се подготвени по секоја цена да се оддалечат од своите родители.
Бик
Биковите се тврдоглави и сакаат удобност. Нивниот родителски дом е место каде што знаат што е каде и како функционираат работите. Покрај тоа, тие сакаат да уживаат во домашна храна подготвена од нивните родители.
Рак
Познато е дека Раковите го ценат семејниот живот и традицијата. Нивната емотивна и чувствителна природа го прави домот на нивните родители совршено прибежиште. За Раковите, семејната вечера и топлината во домот не се споредуваат со ниту една авантура.
Девица
Девиците се познати по својата практичност. Зошто да менувате нешто што добро функционира? Родителскиот дом обезбедува сигурност и ред и знаат дека таму се е под контрола.
Јарец
Иако се познати по својата одговорност, Јарците ја ценат стабилноста и традицијата. Родителскиот дом ја обезбедува таа стабилност и се додека чувствуваат дека таму можат да ги постигнат своите цели, нема да брзаат да се иселат.
Риби
Вечни сонувачи, Рибите често чувствуваат потреба за заштита и љубов обезбедени од домот на нивните родители. Нивната длабока емотивна поврзаност со семејството го прави заминувањето особено тешко.