Пет лица загинаа, а 18 се ранети во руски ракетен напад на истокот на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
293 прегледи

Најмалку пет лица загинаа, а 18 се ранети денеска кога две руски ракети паднаа врз станбена зграда во Покровск, во источна Украина, соопшти официјален Киев.

„Пет мртви и 18 ранети е резултатот на двата напада на станбена зграда во Покровск“, објави на каналот на Телеграм украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Тој наведе дека во првиот удар загинале четири жители на зградата, а во вториот напад загинал и еден од спасувачите.

Слични содржини