Пет месеци по трагедијата во „Пулс“

Обвинителниот акт за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ сè уште не е одобрен од судот и не ја поминал целата процедура на оценка. Предметот, кој по одлука на Врховниот суд од Кочани беше префрлен во Основниот кривичен суд – Скопје, е во фаза на разгледување на приговорите на одбраната.

од Vladimir Zorba
6 прегледи

На 16 март 2025 година во 2:35 часот наутро во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи пожар, а во трагедијата животот го загубија 62 лицa, додека над 200 се повредени.

Денеска ќе се одржи 18-тиот „Марш на ангелите“, а настанот ќе започне во 18:05 часот – симболично време што, според здружението на родителите, ја претставува доцната и фатална институционална реакција во ноќта на трагедијата. Семејствата на жртвите продолжуваат да бараат одговорност и транспарентност

Обвинителниот акт за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ сè уште не е одобрен од судот и не ја поминал целата процедура на оценка. Предметот, кој по одлука на Врховниот суд од Кочани беше префрлен во Основниот кривичен суд – Скопје, е во фаза на разгледување на приговорите на одбраната.

Обвинителниот акт беше поднесен на 13 јуни 2025 и опфаќа 34 физички и 3 правни лица обвинети за тешки дела против општата сигурност. Документот содржи над 1 440 материјални докази и сведочења на 283 сведоци, а како клучен наод е истакнат 13-годишен континуиран ланец на системски пропусти и корупциски дејствија кои, според обвинителството, довеле до трагичниот исход во кој загинаа 62 лица.

Слични содржини