Пет намирници кои забрзано ги топат килограмите во текот на летото!

од Nikola Popovski
379 прегледи

Високите летни температури бараат и посебна храна доколку сакаме да ослабиме.

Вишокот тежина и високите летни температури не одат заедно. Токму од таа причина, летото е совршен момент за губење на вишокот килограми, и тоа само со пет намирници, кои ќе ве хидрираат на високи температури и ќе ги растворат насобраните маснотии од вашето тело.

Лубеница

Лубеницата сочинува повеќе од 90% вода, па затоа е одлична за ладење и хидратација. Покрај тоа, истражувањата покажаа дека сокот од лубеница го намалува холестеролот, но и притисокот врз артериите. Затоа, исто така, придонесува за забрзано исфрлање на водата од телото и вишок маснотии.

Краставица

Краставиците се малку калорични, полни со антиоксиданти и можат да го намалат ризикот од висок крвен притисок. Покрај тоа, тие се полни со вода, што е добро за хидрирање на организмот.

Грејпфрут

Грејпфрутот е одличен избор за здрав појадок. Богато е со витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот, го стабилизира нивото на инсулин и истовремено ја намалува потребата за слатки. Една студија исто така покажа дека луѓето кои пиеле сок од грејпфрут пред јадење изгубиле повеќе килограми отколку оние кои пиеле вода.

Пченка

Пченката е лесна за подготовка и здрава. Во неа се наоѓаат скоро два грама влакна и е добар извор на хемикалии што научниците ги поврзуваат со пониско ниво на пропаѓање на мускулите во постарите години.

Грчки јогурт

Грчкиот јогурт е полн со пробиотици кои помагаат во регулирање на варењето на храната и слабеење. Тој е полн со протеини.

Слични содржини