ПЕТ НАВИКИ ЗА ЗДРАВИ бели дробови! Заштитете се од ГРИП и КОВИД

од Берта Китинска
477 прегледи

Бидејќи сезоната на грип е во тек, а ковидот е сè уште присутен, важно е да направиме се што можеме за да останеме здрави. Секогаш добро решение се планинскиот и морскиот воздух, но и физичката активност, мирен сон, одредени чаеви и есенцијални масла или вежби за дишење, кои ги подмладуваат белите дробови и целиот респираторен систем.

1. Редовно вежбајте

Вежбањето е клучно за одржување на здравјето, а подеднакво е важно и за јачината на нашите бели дробови.
-Нашите бели дробови се пумпа. За таа пумпа да биде силна, треба да ги одржуваме мускулите во форма – вели Алберт Рико, главниот медицински експерт на Американското здружение за бели дробови.

– Ако не сте љубител на вежбањето, секогаш можете да пешачите. Ако 20 до 30 минути дневно ви звучат премногу, почнете со мали чекори. Важно е да се започне. Дури и ако тоа значи пет минути помеѓу два деловни повици. Пешачењето е исто така одлична форма на кардиоваскуларни вежби – вели личниот тренер Гунар Петерсон.

За луѓето кои имаат астма, Гунар препорачува прво да прашаат што и колку можат да вежбаат.

2. Зголемете го внесот на витамин Д

Знаеме дека витаминот Д е важен за здравјето на нашите коски, но е важен и за здравјето на нашите бели дробови. Студијата од 2011 година покажа дека недостатокот на витамин Д може да предизвика слабеење на функцијата на белите дробови, па дури и да ја промени нивната структура. Доколку ви недостасува овој витамин, што не е невообичаено во зимските месеци, кога има помалку сончеви денови, можете делумно да го замените со храна како што се мрсна риба, жолчки од јајце, сирење или додатоци на витамин Д, со претходна проверка со вашиот лекар.

3. Дишете длабоко

Стресот може да предизвика различни проблеми во нашето тело, вклучувајќи ги и оние во респираторниот систем. Длабокото дишење е корисно за намалување на стресот, а дишењето преку дијафрагмата може да помогне да се зголеми капацитетот на белите дробови, особено по закрепнување од респираторни инфекции како корона или некои хронични болести.

– Фокусирајте се на правилното дишење – вдишете и издишете броејќи до четири или вежбајте абдоминално дишење. Вратете го чувството на мир и намалете го чувството на стрес и анксиозност, бидејќи во стресни ситуации понекогаш забораваме на дишењето – советува Кели Грин, инструктор по медитација.

Околу 30 минути вежби за дишење дневно може значително да го зголемат количеството на кислород, кој оди во крвотокот преку белите дробови.

4. Наспијте се

Недостатокот на сон може негативно да влијае на нашиот целокупен имунолошки систем.

– Не знаеме зошто сонот е важен за белите дробови, но знаеме дека недостатокот на сон предизвикува многу здравствени проблеми, вклучувајќи го и обновувањето на мускулите. Со ослабен имунолошки систем можеме да добиеме респираторни инфекции – вели д-р Рико.

5. Избегнувајте нездрави навики

Последниот дел за одржување на вашите бели дробови силни и здрави е за избегнување на работи кои едноставно се лоши за нив. Намалете го пушењето цигари или обидете се да се откажете. Имајте на ум дека ако сте изложени на јаглен или печки на дрва, тоа може да доведе до иритација на дишните патишта. Кога вежбате, избегнувајте места со слаб квалитет на воздух или големи гужви, каде што немате простор за дишење

Слични содржини