Секој знак е во состојба да донесе нешто ново и позитивно во вашиот живот правејќи го разновиден, исполнет и на крајот пријатен. Но, овој хороскопски знак е еден од најблагородните и е одличен материјал за пријател.
1. Сакаат нови искуства и бараат возбуда
Стрелецот не е една од оние личности кои ќе одбијат со вас да пробаат суши, гледаат хорор филм или да одат на егзотична дестинација. Вашиот стрелец е отворен за нови искуства и постојано бара нови возбуди и авантури.
2. Многу се друштвени
Стрелците се како вагите, многу друштвени личности. Околу нив често има многу чуѓе. Освен тоа, стрелците имаат многу добри комуникациски вештини и со задоволство ќе ве запознаат со своите пријатели. Значи дека само еден стрелец во животот ќе може да ве збогати и вас, но и вашиот социјален живот.
3. Со задоволство ќе ви помогнат
Стрелците ги бие глас за најверни во зодијакот. Тие никогаш нема да ги остават сами своите пријатели и во секоја неволја ќе скокнат за помош. Тие се одлично рамо за плачење и морална поддршка. Ќе ги лекуваат вашите љубовни рани, ќе ве тешат кога ќе имате проблеми и со вас ќе ги поминуваат семејните кризи.
4. Великодушни се и дарежливи
Стрелците се вликодушни и дарежливи личности. Кога стрелецот има пари, цело друштво има пари. Не се штедливи, па често прават забави и вечери за пријателите, бидејќи сакаат да се околу нив и да собираат спомени. Иако, тука мора да внимавате малку. Понекогаш се малку наивни и не го гледаат вистинското пријателство од искорисување.
5. Не се лутат често
Ова е точка во која стрелецот најмногу се разликува од вагата. Додека вагата често и лесно може да се налути, стрелецот едноставно нема сензори за бес. Склон е кон простување и заборавање, а за да го налутите би требало да ја преминете границата, која е доста висока.