Пет работи кои дерматолозите препорачуваат секогаш да се прават пред спиење

од Stefanija Kuzmanovska

Четворица дерматолози за Byrdie открија кои пет работи секогаш ги прават пред спиење во ноќна рутина за да ја одржат кожата убава и негувана, а им ги препорачуваат на сите.

Нежно отстранете ги остатоците од шминката

Иако ова е еден од првите совети за убавина што ги имаме добиено, треба постојано да потенцираме колку е важно да ја отстраниме шминката пред спиење. При чистењето на шминката, проверете дали ја отстранувате целосната шминка и нечистотиите од лицето, а притоа користите нежни средства за чистење кои нема да ја пробијат бариерата или да предизвикаат иритација на кожата. Се препорачува да се користат производи кои не содржат парфеми во нивните формули.

Користете производи со anti-age предзнак 

Кога станува збор за производи со формулации против стареење, дерматолозите се сериозни и избегнуваат состојки чија ефикасност не е научно докажана. Ретинолите и гликолната киселина, меѓу другото, припаѓаат на состојките што ќе се најдат во серумите и кремите за ноќната рутина за убавина.

Очите и усните нека бидат приоритет

Дерматолозите се согласуваат – ако се наоѓате во триесеттите години, усните и чувствителното подрачје околу очите треба дополнително да се негуваат и хидрираат. Пробајте креми за подрачјето околу очите кои не се премногу агресивни за таа тенка површина, а за усните изберете супер-навлажнувачки производи со кои ќе усните ќе бидат негувани во текот на целата година.

Не заборавајте на пределот на вратот и деколтето

Вечерната рутина за убавина не завршува на лицето, туку се протега сè до вратот и деколтето. Вратот е често запоставена област, но знаците на старост може да се забележат многу лесно на него. Во пределот на вратот и деколтето, пробајте производи што содржат хијалуронска киселина за хидратација и состојки како салицилна киселина и витамин Б5.

Хидратантна крема е задолжителна

Исто како и отстранувањето шминка со средства за чистење на лицето, и нанесувањето навлажнувачки крем е неизбежен чекор во вашата секојдневна, и утринска и вечерна, рутина за убавина. Сепак, експертите тврдат дека во овој случај, треба да обрнете внимание на хидратацијата и дека скапите креми не значат секогаш квалитет, па затоа можете да изберете производи со наједноставни состојки. Наместо тоа, фокусирајте се на anti-age производи.

Слични содржини