Пет сообраќајки во Скопје, едно лице со телесни повреди

од Марта Пешевска
107 прегледи

Едно лице се здобило со телесни повреди во една од петте сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во четири била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 48 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, шест возачи кои поминале на црвено светло и четворица возачи за неправилно престројување.

Од сообраќај биле исклучени двајца возачи од кои двајца возеле под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и еден возач почетник. Биле исклучени и седум нерегистрирани возила.

Санкционирани се и еден возач за непоседување зимска опрема, 10 за неносење сигурносен појас и 26 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле како и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 105 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 83 возила.