Од донесување на последните измени на мерките во врска со спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, па се до денес инспекторите затвориле пет угостителски објекти, велат за „Локално“ од Државниот пазарен инспекторат.
-Извршени се над 6000 контроли и над 250 инспекциски надзори.Во истиот период издадени се 5 решенија за затварање угостителски објекти, од кои 4 во Скопје и едно во Гостивар, за што се издадени прекршочни платни налози во вкупен износ од 4000 евра во денарска противвредност за одговорното лице, 6000 евра во денарска противвредност за правното лице и 500 евра во денарска противвредност за физички лица кои вршат угостителска дејност нерегистрирано.Со оглед на фактот дека Државниот пазарен инспекторат врши превентивни мерки ( согласно начелото на превентивност) за таа цел спречено е одржување на прослава (свадба), информираат од ДПИ.
Казните за непочитување на мерките се движат од 250 евра за физичките лица кои ќе бидат затекнати без сертификат за вакцинација, а до 30.000 евра за угостителскиот објект.