Пет женски мириси кои мажите ги обожаваат

од Elena Daskalova
379 прегледи

Парфемите имаат моќ да го поправат расположението, да нè потсетат на некоја драга личност или да нè вратат во некој за нас убав период. Исто така тој може да помогне во заведувањето.

Сетилото за мирис ги стимулира нервните завршетоци во носот, што ги буди сетилата во еден дел на мозокот одговорен за нашите емоции, однесување и либидо.
Парфемот е детаљ кој го потполнува секој изглед, како јагода на врв од шлагот. Дали знаете кои  тие парфеми им се неодоливи на мажите и кои ноти им оставаат најсилен впечаток? Решете се за една од следните:

Ванила – таа најчесто е основна нота на парфемот и добра вест е дека токму таа во најголем број случаи ги доведува до лудило мажите. Оваа нота е вистински афродизијак.
Лаванда – можеби не очекувавте, бидејќи прва асоцијација на лавандата е нешто сосема спротивно од заведувањето, ама кога се користи во парфем, оваа нота е вистинска магија. Овој сензуален мирис едноставно опива. Лавандата, ако не сте знаеле, е позната како „билка на љубовта“.
Портокал – дури 20% од испитаниците го избраа мирисот на портокал како најзаводлив. Многу парфеми во себе ја содржат токму оваа нота.
Јасмин – оваа мирисна нота има долга традиција на употреба. Таа се користи во некои холистички начини за зголемување на машкото либидо и многумина пронаоѓаат нешто заводливо во овој мирис.
Дрво и кожа – аромата на дрво, како што е сандалово или мирис на кожа ги стимулираат нервте кај спротивниот пол на вистинскиот начин.

Слични содржини