Петер Стано: Војната што ја почна Русија ќе заврши според условите на Украина

Стано ги коментираше медиумските шпекулации за можноста за Украина да добие членство во ЕУ и во НАТО во замена за територијални отстапки.

од Бети Божиноска

Европската Унија има јасен и дефиниран став на сите 27 земји-членки во однос на руската инвазија на Украина и ќе го поддржува Киев до победа, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано, додавајќи дека Украина како жртва на руската агресија ќе ги одреди условите под кои ќе заврши оваа војна, пренесува „Укринформ“.

„Она што е навистина важно е ставот на ЕУ кој е договорен меѓу сите 27 земји-членки. Овој став подразбира поддршка на Украина толку долго колку што е потребно до нејзина легитимна победа во оваа легитимна одбранбена војна. Токму тоа е ставот на ЕУ“, нагласи Стано од Брисел.

Портпаролот на ЕУ го коментираше пишувањето на некои западни медиуми за можноста за Украина да добие членство во ЕУ и во НАТО во замена за територијални отстапки за сметка на територии што Русија привремено ги окупирала.

Стано посочи дека овој конфликт на крајот ќе го најде своето решение на овој или оној начин, но, како што наведе, таквото решение треба да се најде според условите на Украина.

Слични содржини