Петгодишно дете загина во напад на руски дрон врз Киев

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Во напад со беспилотно летало на руските сили врз Киев во текот на ноќта загинаа три лица, меѓу кои ипетгодишно дете, а десет беа повредени, објави градската воена управа на Киев во објава на „Телеграм“.

Во соопштението се наведува дека тревогата за воздушен напад во Киев синоќа траела пет часа.

„Според достапните информации, три лица загинаа, меѓу кои и едно петгодишно дете. Уште десет се повредени. Меѓу загинатите има татко и неговата мала ќерка, а најмладата ранета жртва на рускиот напад има само 11 месеци“, се вели во соопштението на Воената управа на Киев.

Слични содржини