Петкоски е избран за шеф на Изборниот Штаб на ГДУ

од Vladimir Zorba

Граѓанско Демократска Унија денеска ја одржа својата 5-та Седница на Националниот Комитет на ГДУ. Националниот Комитет на ГДУ ја утврди изборната програма во пресрет на претстојните парламентарни избори. За таа цел, НК на ГДУ го формираше Изборниот Штаб и координаторите по Изборни Единици, согласно постојниот Изборен модел.

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски е избран за шеф на Изборниот Штаб на ГДУ. Д-р. Енсер Јусуфоски е избран за координатор за политички прашања, како и членови на Изборниот Штаб: Димитар Попандонов, Фросина Китановска, Борче Пачемски, Добре Митрев и Даниел Јорданоски.

На Седницата на НК на ГДУ се формираше и работна група за подготовка на изборната платформа на ГДУ во состав: Ѓорѓи Трендафилов, проф. д-р Горан Рафајловски, Марјан Михов и Перица Спасовски.

Слични содржини