Во нашиот коалициски договор имаме јасна рамка за дејствувањe, односно ги потврдивме постоечките критериуми за нашите односи со Северна Македонија и ги надградивме, со што би имале брза, јасна и ефективна работа на групите во поединечни случаи, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарска „Нова ТВ“.
-Сметам дека добрососедството со Македонија треба да биде најважно и бара многу работа. Бугарија не може да стои со скрстени раце кога сите се обидуваат да ни ја земат историјата, додал Петков.
Тој истакнал дека укинувањето на ветото е функција на работата што мора да ја направат двете земји, но не кажал јасен одговор на прашање за укинувањето.
Петков го нарекол „провокација“ рускиот филм „Една вера, еден јазик“, со кој се припишуваат бугарски историски симболи на Македонија, објави бугарскиот медиум.
-Не знам дали тоа доаѓа на ниво на држава или од директор, рекол Петков.