234
Долгорочно гледано Северна Македонија треба да биде дел од Европската унија и мора да се заштитат правата на Бугарите во земјата, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за софиската Нова ТВ.
– Затоа мора да се надмине политичката реторика и да се работи, нагласи Петков, додавајќи дека бугарското вето за старт на преговорите на земјава со ЕУ ќе биде повлечено тогаш кога ќе биде „завршена работата”.
Петков нагласи дека неговата Влада „нема да прави ништо” без одлука на бугарскиот Парламент и ништо нема да биде сокриено од јавноста.