„Го поздравувам откривањето на сторителот на палењето на културниот центар на македонските Бугари во Битола“. Ова го напиша премиерот на Бугарија Кирил Петков на официјалната Фејсбук страница на Советот на министри.
„Им благодарам на властите во Република Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за ефективно постапување, кои во максимален краток рок го фатија пироманот. Дефинитивно нема да подлегнеме на провокации кои имаат за цел саботирање на односите со нашите соседи“, рече бугарскиот премиер.
Приведениот насилник денеска на социјалните мрежи го објави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Според Спасовски, сторителот целосно го признал своето дело.
Палењето на влезната врата од канцеларијата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола е извршено во раните утрински часови на 4 јуни.
Според повеќе извори, сторителот на делото е македонскиот пејач Ламбе Алабаковски.