Новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков денеска ги претстави вицепремиерите и министрите на новата влада кои беа заедно со него во Народното собрание, пренесува БГНЕС.
За политиката на Бугарија кон Република Северна Македонија, Петков рече:
„Ние и РСМ имаме многу да добиеме со заедничка одлука. Бугарската позиција останува таква каква што е, но ние сакаме да ја надградиме. Не сакаме да продолжиме само со пароли од двете страни на границата, сакаме да седиме во тимови и да одиме кон добрососедство, но ќе ги браниме и нашите национални интереси, заклучи Петков.