Петков: Изгубивме 30 години во односите со Македонија, посетата не беше избрзана

од Nikola Popovski
227 прегледи

Бугарскиот премиер Кирил Петков вечерва изјави дека посетата на Скопје не само што не била избрзана, туку ужасно многу задоцнета.

„Вистината е дека изгубивме 30 години во нашите односи. Не само што не се избрза, туку беше многу доцна. Не од мене како премиер, туку беше многу доцна за бугарската страна да има активна позиција, да има конструктивен тон на дејствување, да имаме јасни цели и прецизен пристап. Жал ми е што пропуштивме толку години. Не можев да издржам да ја одложам посетата за ниту еден ден“, објасни Петков, одговарајќи на денешната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев дека неговата посета на Скопје пред две недели „била избрзана“.

„Верувам дека ако не сакаме Балканот да биде најсиромашното, најкорумпираното, најнекоординирано место во ЕУ, пристапот мора да се смени врз основа на добрососедството, економскиот развој, заедничката работа“, додаде тој.

Бугарскиот премиер истакна дека нема да ја коментира средбата на претседателот Стево Пендаровски со Македонците во Бугарија.

„Доброто е што надворешната политика на Бугарија и Северна Македонија зависи од премиерот и од Советот на министри на двете влади“, заклучува Петков.

Слични содржини