Бугарскиот премиер Кирил Петков во неговото гостување во популарната емисија „Хардток“ на Би-Би-Си одбегна да одговори зошто Македонците во Бугарија немаат права, а од соседот се бара да ги вметне Бугарите во Уставот.
На тврдењето на Петков дека Бугарите во земјава немаат законски права, водителот на емисијата Стивен Сакур забележа:
-Да бидеме искрени, и етничките Македонци ги немаат тие права во Бугарија. Всушност, Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи по таа основа отколку за Бугарите во Македонија. Тука се наоѓате на лизгав терен.
Бугарскиот премиер, продолжи со излагањето дека со македонскиот премиер се согласиле дека Бугрите треба да ги имаат истите права како другите во змејава.
– Со премиерот на Северна Македонија целосно се согласивме дека Бугарите би требало да ги имаат истите законски права како и сите Македонци и други народи, како Албанците. Прашање е како да стигнеме дотаму – рече Петков.
Петков уште еднаш изјави дека сака да ја види земјава во Европската Унија, но и нагласи дека претходно треба да се решат некои проблеми, не само историски, на кои многумина се фокусираат.