Јас сум многу среќен за она што го постигнавме и што ќе работиме заедно. Се ќе биде засновано на вистина. Најдобра е онаа политика заснована на вистина за двата народи. Верувам во реални резултати без омраза, дискриминација и национализам, кажа бугарскиот премиер Кирил Петкков пред почетокот на пленарната меѓувладина седница на која присуствуваа македонските министри и премиерот Димитар Ковачевски.
-Работа на двата народи за подобра економија, заедничка инфрастриктура, да зборуваме за европската интеграција, да ги следиме внимателно оптштите теми вкличутелно и историјата и човечки права кои се важни за евроинтеграцијата , порача Петков за натамошната соработка на двете влади.
Вчеравечер заврши првиот ден од официјалната посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и на владината делегација од Северна Македонија на Бугарија.
Со премиерот Ковачевски во Софија заминаа вицепремиери и министри кои ќе копретседаваат со четирите заеднички работни групи: за економија, трговија и иновации; за инфраструктура, транспорт и поврзување; за европска соработка – зелени политики, дигитална трансформација и владеење на правото; и за култура, наука и образование и млади.
За петта работна група се смета постојната заедничка Комисија за историски прашања, која треба да ја динамизира нејзината работа.
М.А.