Владата нема да направи ништо околу кандидатурата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија без да го праша бугарскиот парламент, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков како одговор на новинарско прашање.
„Отсекогаш јасно кажував каков е нашиот став, но некои стравови навлегуваат“, рекол Петков како одговор на прашањето дека наводно „ги саботира преговорите за членството на Македонија во ЕУ“
Тој истакнал дека ова е одлука која мора да се донесе на национално ниво.
Во врска со планот на Франција за решавање на проблемот и посредувањето на францускиот претседател Емануел Макрон, Петков појаснил дека никогаш не видел ништо „црно на бело“.
„Ние сме отворени и подготвени да разговараме со нашите европски партнери доколку имаат некакви предлози што имаат смисла“, појаснил тој, додавајќи дека овие предлози мора да бидат конзистентни со рамковната позиција на Бугарија за ова прашање.
Петков уште еднаш нагласил дека што и да се направи, дури и да треба да се потврди овој став, сепак ќе помине низ бугарскиот парламент.