Петков: Нема да се обидувам да склучувам никакви договори со С.Македонија

од Берта Китинска
217 прегледи

Имаме јасно напишан договор за коалиција, кој строго го почитуваме. Ги набљудуваме сите наши постапки да бидат во склад со него. Јас како премиер немам право на никаков начин, ниту ќе се обидам да направам некакви договори, имаме рамковен став, декларација. Ова го изјави премиерот Кирил Петков за позицијата на Бугарија кон РС Македонија, пренесува БГНЕС.

„Секоја одлука треба да се донесе со целосна согласност и на владејачката коалиција и на опозицијата. Нема да се донесе конкретно решение без парламентот и без целосна убеденост на сите кои што ќе гласаат за тоа“, ја пренесува БГНЕС изјавата на Петков во бугарското Народно собрание.

Според него, сегашната ситуација во Украина го направи случајот со Северна Македонија уште поделикатен. Западен Балкан, како што вели, исто така е регионо под ризик, а безбедноста на регионот е од огромна важност за Бугарија. Па затоа, додава Петков, кон одлуките треба да се пристапи со голема одговорност.

„Европската комисија соопшти дека се подготвени преку преговарачката рамка да бидат гарант за правата на бугарските малцинства, Бугарите во Македонија, за да бидеме сигурни дека интересите и сите права на овие Бугари во Македонија се запазени, а преговарачките рамка и процес ќе придонесат за ова добрососедство на кое што ние толку многу се надеваме“, додава Петков.