Вчерашната посета на Скопје беше со огромен успех, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во тамошното Народното собрание.
-Од една страна подадовме рака, прво отидовме таму, од друга страна тие испратија нота до ОН што се надевавме дека ќе ја добиеме две години. Оваа нота е многу поважна од само кратко и долго име. Оваа нота вели дека РС Македонија нема претензии за територијалниот интегритет на Бугарија, многу е нормално да го кажат тоа, но за оваа нота е разговарано, зборувано, преговарано од нас и се оствари само затоа што направивме нов пристап, изјави Петков.
Според него, работните групи ќе разговараат за дел од историјата во која владеел фашистички режим низ Европа и како тоа се одразило на територијата на денешна Република Северна Македонија.
-Повеќе од ова, историската комисија мора да навлезе во детали. Многу поважно од ова е што се обединивме да имаме авиолинија од Софија до Скопје за 60 дена. Тоа ќе се направи на најтранспарентен начин, рече Петков, објави БГНЕС.