Петков очекува брза средба со новиот македонски премиер

од Берта Китинска
197 прегледи

Новиот бугарскиот премиер Кирил Петков денеска од Брисел изјави дека се надева на брза средба со новиот претседател на македонската влада и формирање заеднички работни групи за постигнување конкретни резултати, пренесува БТА.

Според него, овие групи можат да се состануваат секој месец и да известуваат за напредокот.

„Кога реков шест месеци, тоа го кажувам за процесот што сакам да го организирам за овие пет работни групи и по можност секој месец да има некој позитивен резултат, а не само состаноци“, рече Петков.

Според него, потребно е да се направат јасни проценки за изградба на инфраструктурата, за да се обезбеди подобар пристап до бизнисот од двете страни на заедничката граница. Тој вели дека Балканот е пазар колку Франција и добро е да има фокус на она што сите можат да го добијат.

„Мора да ја смениме реториката за позитивните, а не само за негативните работи“, рече премиерот Петков.

Слични содржини