Петков: Оптимист сум дека ќе постигнеме се што зацртавме со Димитар

од Берта Китинска
234 прегледи

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека Северна Македонија припаѓа во семејството на ЕУ , потенцирајќи дека треба што посокоро да постигнат резултат за да започнат преговорите, но без одговор дали во јуни ќе се крене ветото од страна на Бугарија.

-Со Димитар работиме многу координирано и со фокусирани распореди и временски рамки, си поставивме неколку одредници кои мора да бидат остварени. Северна Македонија припаѓа во семејството на ЕУ, што е можно побрзо. Нашата Влада сака да го постигне овој резултат, вели Петков.

Тој извести дека имам добри вести за историската комисија и дека постојат реална можност да се надминат некои работи кои беа тешки.

– Имаме добри вести од соработката меѓу министествата, и од Комисијата за историја. Некои работи беа тешки да се надминат, но сега има добри шанси за надминување. Оптимист сум дека ќе постигнеме се што зацртавме со Димитар, што е можно поскоро, кажа Петков.

Слични содржини