264
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков во видео обраќање ја оцени вчерашната средба на Советот за национална безбедност „како навремена и корисна дискусија“, соопшти бугарската владина прес-служба.
Според него, таа покажала дека сите учесници имаат заедничка цел – надминување на застојот во односите со Република Северна Македонија и давање нов почеток во стремежот за добрососедство.
„Владата ќе почне да работи на спроведување на програмата во различни области, а правата на Бугарите во Македонија ќе бидат во центарот на нејзините напори“, рече премиерот Петков.