Правата на Бугарите во Северна Македонија се огромен приоритет за Владата, изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков ден по средбата со бугарски државјани од Македонија, пренесува БГНЕС.
Петков рече дека за нив, но и бугарската и македонската страна е важно Северна Македонија да биде членка на ЕУ.
Петков ја запознал делегацијата за неговите разговори со партнерите од Европската Унија во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан. Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.