213
Во врска со изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, според која советниците на Кирил Петков водат паралелни разговори за С.Македонија со европските партнери и со тоа ја саботираат работата на МНР, премиерот накратко одговори дека Бугарија нема да донесе никаква одлука, без тоа да помине низ парламентот.
„Секогаш сме подготвени да разговараме со сите европски партнери доколку имаат некакви предлози што имаат смисла. Мора да бидат во рамковната позиција на Бугарија. Што и да се направи, ќе помине низ бугарскиот парламент“, категоричен е премиерот, за БНТ.