Поранешниот бугарски вицепремиер и претседател на партијата ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов ја коментираше претстојната заедничка средба на владите на Бугарија и Македонија, нагласувајќи дека тоа се случувало и претходно, а присуствувал најмалку на две.
-Се надевам дека ова не е формално и дека ќе има некаков ефект. Не знам колку тоа го земаат предвид премиерот Кирил Петков и владините претставници, бидејќи гледам дека добронамерно, но доста наивно пристапуваат кон вистинските намери на Скопје, вели тој во изјава за „БНР“.
Каракачанов изрази надеж дека политичарите во Скопје ќе разберат дека нивниот сегашен стил на однесување нема да постигне вистински успех:
-Време е да им кажеме дека Бугарија е членка на ЕУ, а тие сакаат да пристапат. Откако ќе аплицирате, правилно и нормално е да се усогласат со одредени критериуми кои бараме да бидат исполнети. Ним им е даден рамковен став на Владата од 2019 година, им се дава Записникот од последниот состанок на Консултативниот совет за национална безбедност и им се кажува: „Кога ќе бидете подготвени за конструктивен разговор, дојдете и продолжете, а не да се молиме“.
Поранешниот министер за одбрана истакна дека во разговорите меѓу работните групи за соработка меѓу Бугарија и Македонија е пропуштена заедничка комисија во областа на одбраната, бидејќи Македонија е веќе членка на НАТО.
-Веќе има неколку договори меѓу двете министерства за одбрана… Откако Скопје влезе во НАТО, оваа работа престанаа да ја исполнуваат, оценува Каракачанов.