Секој предлог од нашите европски партнери за Република Северна Македонија, кој отстапува од рамковниот став на Бугарија од 2019 година, веднаш да биде проследен до Комисијата за надворешна политика на Националното собрание.
Ваква одлука Владата на Бугарија ќе гласа на денешната седница, најави премиерот Кирил Петков.
Одлуката ќе ги обврзе претставниците на Бугарија во Комитетот на постојани претставници и Советот за општи работи да не одобруваат каква било одлука за Северна Македонија што отстапува од рамковната позиција без експлицитна согласност од Националното собрание.
„Вака избегнуваме секакви шпекулации дека оваа влада сама ќе направи што било на тема Северна Македонија, а ова прашање треба да го реши само Народното собрание. Тоа треба да ја заврши оваа дебата“, рече Петков.