Петков: Треба да го промениме сфаќањето за тоа што навистина значи С. Македонија да преговара со ЕУ

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков следниот вторник на 18 јануари ќе го посети Скопје, соопшти бугарската владина прес-служба, повикувајќи се на изјавите на Петков за медиумите.

Повод за посетата е 30-годишнината од признавањето на независната македонска држава од Бугарија.

„Треба да го промениме сфаќањето за тоа што навистина значи Република Северна Македонија да преговара со ЕУ и да биде дел од неа во иднина. Да зборуваме за сите придобивки што ќе ги имаме и ние и РСМ од овој процес“, рекол Петков.

Посетата ќе означи нов почеток во развојот на билатералните односи меѓу Бугарија и РС Македонија и ќе ги претстави следните чекори што двете влади ќе ги преземат за решавање на отворените билатерални прашања, се додава во соопштението од тамошната влада.

Слични содржини