Петков: Убаво би било ако Бугарите бидат вметнати во македонскиот Устав

од Nikola Popovski
194 прегледи

Бугарскиот премиер Кирил Петков уште еднаш повтори дека позицијата на Бугарија не е за блокираше на Македонија.

-Тоа не е наша цел. Сакаме Македонија да го започне патот кон ЕУ, но сепак не можеме да ги затвориме очите на проблемите, рече Петков во интервју за ТВ Сител.

Според него, тој самиот инсистирал на средбата со Ковачевски, затоа што „ако се чека од двајцата, тогаш можеле и да не се сретнат“.

Во однос на бугарското малцинство во Македонија, Петков истакнува дека „убаво би било ако бидат вметнати во македонскиот Устав“.

-Убаво е да има рамноправност. Јас сум оптимист. Во нашиот Устав сите се еднакви и нема различни групи. Вашиот Устав е различен. Сите треба да имаат еднакви права. За историјата, сметам дека има постигнато напредок и врз основа на него треба да направиме дејствија. Не може историчарите од Мешовитата комисија да се среќаваат само еднаш во неколку месеци. Треба да има повеќе дискусии и соработка. Ако е можно уште утре нешто да договориме на средбата со македонските владини претставници. Поради тоа со мене доаѓаат и неколку министри, потенцира Петков.

Слични содржини