Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигнал во Брисел каде ќе учествува на состанокот на членките на Европскиот совет, како и на Самитот ЕУ-Африканска унија. Пред почетокот на форумот, премиерот Петков се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување Оливие Вархеји, како и со естонската премиерка Каја Калас.
Премиерот го запознал еврокомесарот со конкретните резултати постигнати за само неколку дена благодарение на новиот дијалог меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Петков истакнал дека резултатите, а не роковите се клучни и изразил надеж дека подобрувањето на секторската соработка ќе придонесе за заемно прифатливи решенија за политичките прашања. Премиерот рекол и дека очекува со помош на ЕК да се постигне напредок во реформите за човековите права.