Петков: За Бугарија е важно С.Македонија да биде дел од ЕУ

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Премиерот на Бугарија Кирил Петков и бугарска делегација се во посета на Северна Македонија.

„Моето присуство ја покажува посветеноста на нашата влада, мора да имаме единство за ова прашање. За бугарски интерес е важно РСМ да биде дел од ЕУ, не можеме оваа тема да ја користиме за внатрешно-политички цели“, рече Кирил Петков.

Според него, не треба да се мисли на притисок од никого.

„Двете влади напорно работат на тоа прашање, во Бугарија ја поставивме рамката што ја имаме, ни е важно европската иднина на РСМ да биде таму“, додаде Петков.

„Имаме многу добра комуникација од двете страни на границата“, рече истакна бугарскиот премиер.

За изјавата на лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов и членот на владејачката коалиција дека ја нарекува Бугарија „геноцидна држава“ Петков вели:

„Она што го гледаме е дека има екстремистички политички позиции од двете страни на границата. Мораме да ги игнорираме екстремистите и да го следиме вистинскиот пат по принципите што сите им ги ветивме на нашите гласачи. Така, јас лично не би одговарал на екстремистички позиции“.