Најостро го осудувам подметнувањето пожар во културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола, што претставува обид да се провоцираат и дестабилизираат нашите односи со соседите, е ставот на премиерот на Бугарија, Кирил Петков по денешниот инцидент.
Шефот на бугарската дипломатија, потсетува тој, отпатува за Битола за на лице место да се запознае со штетите.
„Бугарската влада ќе продолжи да работи на заштита на правата на бугарската заедница во Северна Македонија и поддршка на нејзините активности. Му благодарам на премиерот Ковачевски за неговиот брз одговор и очекувам надлежните служби на Република Северна Македонија да ги најдат и казнат сторителите на овој вандалски чин. Иднината на регионот не смее да биде заложник на обидите за дестабилизација на злонамерните маргинализирани групи“, додава тој.